Loading Video...
Фудбал
8. July 2020 - 14:34

Милан со пресврт за три минути го победи Јувентус

Дуелот меѓу Милан и Јувентус во италијанската Серија А, го оправда приматот дерби на колото. А, еве и зошто 
 
Натпреваротр одигран во Милано заврши со шест постигнати голови, сите во второто полувреме, а домаќините со пресврт се радуваа на победа со 4:2. 
 
Актуелниот шампион Јувентус имаше и водство од два гола со погодоците на Французинот, Рабиот во 47-та и Кристијано Роналдо во 53.минута, но „бјанко-нерите“ не се предадоа. 
 
Напротив. За само три минути направија комплетен резултатски пресврт постигнувајќи три гола. 
 
Серијата ја отвори Ибрахимовиќ од пенал во 62-та, а Кеси во 66-тата го израмни резултатот. Само минута подоцна Португалецот, Рафаел Леао го постигна третиот гол, а конечните 4:2 за Милан беа дело на Хрватот, Ребиќ во 80 минута. 
 
Со трите освоени бодови Милан сека е пети со еден бод повеќе од Рома, додека Јувентус, во борбата за шампионскиот трофеј, остана на седум бодови предност во однос на Лацио кој пак беше непријатно изненаден од Лече од кој загуби со  2:1 
 
Вечерва во рамките од 31.кмоло на Серија А, најголемо внимание барем за македонската јавност ќе привлече дуелот на македонските репрезентативци, Горан Пандев кој со Џенова е домаќин на Елиф Елмас и Наполи.