Милер: Власта на претседателот Путин е ставена пред директен предизвик
Од Стејт департментот вчера кажаа дека ситуацијата во Русија останува динамична додавајќи дека немаат сознанија за местоположбата на Евгениј Пригожин, шефот на приватната воена компанија „Вагнер“.
-Ова безусловно е нешто ново, да се гледа како власта на претседатеолот Путин е ставена пред директен предизвик. Ова е нешто ново кога Евгениј Пригожин ја стави под директен сомнеж оваа војна и укажа на тоа дека војната што се води всушност е заснована на лага, изјави за новинарите портпаролот Метју Милер.
Државниот секретар Ентони Блинкен претходно пак соопшти дека по наредба на претседателот тој го ангажирал својот тим на заемни дејства со руската страна за да се обезбеди заштита на американскиот персонал, како и заштита за сите американски државјани во Русија.
Претседателот Џо Бајден денеска изјаи дека обидот за бунт на „Вагнер“ против Кремљ е дел од внатрешната борба во рускиот систем и дека САД и сојузниците немаат никаква поврзаност со тоа.
Ново на Сител
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу мопед и автомобил
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
