-->
-->
Mилевски: Победивме но рано е за еуфорија
-->
Младата фудбалска репрезентација на Македонија сруши уште еден национален рекорд. Ја забележа и 5. победа во квалификациски циклус и го надмина оној рекорд на нашата прва генерација која играше квалификации за ЕП 1996г кога забележа 4 квалификациски победи под водството на тогашниот селектор Јово Никушев.
Оваа генерација сепак е далеку поуспешна бидејќи досега освои рекордни 18 бода и е на чекор до пласман на ЕП во Полска наредната година.
Победата над Северна Ирска од 2-0 предизвика воодушевување кај македонската јавност но селекторот Благоја Милевски предупредува дека е рано за Еуфорија:
- Заедно со момците, ние во стручниот штаб кој што сме само сервис, сите го сонуваме сонот.
Нема да дозволиме никој да ни го расипе тоа што е наше. Без разлика што ќе се случува на последниот меч, момците нема да дозволат да им го расипе сонот.
Нема место за никаква еуфорија. Имаме уште еден меч, квалификациите не се завршени. Тогаш ќе видиме дали има место за славење и за еуфорија- рече на прес конференцијата по мечот македонскиот селектор.
За Милевски овие момчиња се феномени.
- Речиси 90 % не играат стандардно во своите клубови но во националниот тим играат како прекалени борци, стабилно, рутинирано, стрпливо и за тоа им симнувам капа- рече Милевски.
Следниот меч го играме на 8. октомври во Скопје против селекцијата на Шкотска. Со победа на Македонија ќе и биде загарантирано второто место во групата и ќе се чека расплетот од настапот на селекцијата на Исланд против Шкотска и Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
