Милошоски: Петтата изборна единица ќе биде инфраструктурно градилиште
Цела Петта изборна единица ќе биде градилиште на инфраструктурен план за што сведочи и механизацијата којашто е активна на изградба на автопатите, изјави денеска од Струга носителот на листата од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Потсети на изградбата на автопатот Кичево - Охрид, која е во тек, како и на најавата за изградба на автопатите од Требеништа до Струга и од Кичево до Гостивар.
Носителот на листата во Петата изборна единица говореше и за изградбата на магистралниот гасовод од Битола преку Ресен до Охрид и Струга, а во втората фаза од овој проект од Охрид ќе бидат поврзани и Кичево и Гостивар.
- За Охридско-струшкиот крај посебно ни е важно да привлечеме уште неколку странски инвеститори и да ја продолжиме нашата стабилна поддршка за развој на туризмот преку субвенционирање на тур – оператори, кои ќе носат поголем број странски туристи во Република Македонија, рече Милошоски.
Ново на Сител
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Грабеж на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени