Македонија
6. September 2021 - 12:20

Министерот Милевски кандидат за градоначалник на Битола

На овие избори меѓу кандидатите за градоначалници ќе има и еден актуелен министер. Станува збор за Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП Горан Милевски кој ќе биде кандидат за градоначалник на општина Битола од коалицијата на неговата партија ЛДП и ДОМ.

Информацијата за кандидатурата утрово ја објави општинската организација на ЛДП во Битола, а Милевски се очекува да ја официјализира во текот на утрешниот ден.