Министерот Николовски во официјална посета на Катар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, од денеска е во официјална дводневна посета на Катар, соопшти ресорното министерство.
Во текот на денешниот ден, министерот Николовски имаше средба со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан Ал Мураикхи. На средбата е разговарано за билатералните односи, како и за идните чекори за унапредување на соработката, со посебен акцент на трговската соработка меѓу двете земји.
Министерот Николовски денеска имаше работна средба и со Ал Кувари заменик-главниот извршен директор на катарскиот државен фонд за инвестиции „Хасад Фуд“, чија основна дејност е насочена кон ивестирање во странство.
На средбата беа претствени низа можности кои беа предмет на интерес на катарската страна, а се од особено значење за развој на македонскиот рурален сектор. Исто така, предмет на разговор беше и можноста за извоз на македонски земјоделски производи во Катар.
Во рамки на посетата, утре министерот Николовски, ќе има средба со министерот за земјоделство на Катар и со претстваници на државната „Катар Инвестмент Ауторити“.
Ново на Сител
-

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар
-

Честитка од Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
-

Променливо облачно со сончеви периоди до крајот на седмицава
-

Скопјанка пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија - Велес
-

Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува на 10%
-

„Одмаздници: Завршница“ повторно на врвот на бокс-офисот во Северна Америка
-

Вучиќ ѝ ја предаде должноста претседател на Ана Брнабиќ, таа рече „нема друг како него“
-

АХВ по повод Денот против беснило: Домашните миленици редовно да се носат на вакцинација и да бидат микрочипирани
