-->
-->
Министерот за надворешни работи на Украина Климкин во посета на Македонија
-->
Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македоснката дипломатија Никола Димитров.
Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, министерот Климкин ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и од вицепремиерот Бујар Османи.
Како што соопшти МНР, се очекува Димитров и Климкин да ги разгледаат можностите за натамошно унапредување на билатералните политички, економски и друг вид односи и соработка. Ќе бидат разменети и мислења од доменот на европските и евро-атланските аспирации и интеграци на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања.
Министрите Димитров и Климкин ќе потпишат и Заедничка декларација меѓу министерството за надворешни работи на двете земји, како и Меморандум за заемна соработка меѓу Дипломатската академија во македонското МНР и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ во Министерството за надворешни работи на Украина. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата