Македонија
6. November 2015 - 9:28

Министерска конференција за Самитот за клима во Париз

Министерска конференција по повод климатскиот самит во Париз насловена „Кон Самитот за клима во Париз 2015, предизвици за земјите членки на ЦЕИ“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Предвидено е на конфренцијата да биде усвоена Декларација со која ќе се изрази заедничката подготвеност за соработка во насока на постигнување т.н „позелен“ раст за регионот на ЦЕИ.

Покрај министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири предвидени се поздравни обраќања и од вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, специјалниот советник на Генералниот секретар на ЦЕИ Росо Чичона, постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон и раководителот на Одделот на делегацијата на ЕУ Мауро ди Вероли.