Министерство за здравство: Не постои илегална вакцинација, опозициската партија шири лажни вести
Министерството за здравство денеска преку соопштение изрази жалење што најголемата опозициска партија во државата во период на воведување КОВИД вакцинација, како што наведуваат, шири лажни вести, со кои ја манипулира јавноста вадејќи од контекст изјава на премиерката на Република Србија.
-Очигледно е дека ова монтирано видео е со единствена цел да создаде неоснована паника која може да има долгослежни поседици и врз здравствениот систем и врз колективното здравје на граѓаните. Министерството за здравство најостро ги демантира лагите денеска изнесени од страна на портпаролот на опозицискиата партија, а претходно објавени на социјалните мрежи од пратеник на истата партија. Ниту се одвивала, ниту се одвива илегална вакцинација, ниту било што поврзано со јавното здравје се прави на нетранспарентен начин. Вакцинирањето во Република Македонија ќе започне во февруари, се наведува во соопштението.
Министерството за здравство. се посочува, води преговори за да обезбеди вакцини по три механизми, Ковакс, директни преговори и преку солидарниот фонд на ЕУ.
-Министерството за здравство и Националната техничка работна група за КОВИД вакцинација изготвија оперативен план за вакцинација во кои се утврдени приоритетните групи, број на потребни вакцини, пунктови на кои ќе се врши вакцинацијата. Со ваквите манипулативни видеа, свесно опозициската партија сака да го потцени и оцрни трудот на здравствените работници, експерти во областа кои работат на процесот на вакцинација, се посочува во демантот.
Министерството за здравство, воедно, бара итно да се повлече видеото, а портпаролот и пратеникот да се извинат јавно.
-Апелираме до јавноста да не ги зема предвид лажните информации. Од почетокот на ковид кризата министерството за здравство информира точно навремено и целосно транспарентно и така ќе продолжи и понатаму. Министерството за здравство ги повикува надлежните институции секоја злоупотреба или лажна вест да биде законски санкционирана затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника, стои во реакцијата од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево