Македонија
22. October 2020 - 16:36

Министерството најавува можност за рефундирање на парите за витамини и суплементи

Министерството за здравство ќе разгледа можна опција за рефундирање на цели или дел од средствата за витамини и суплементи кои се неопходни за закрепнување од коронавирусот. Но такво барање сеуште не добиле.

Дека е потребна итна промена на позитивните листа на лекови предупредуваат и здруженијата на хронично болни пациенти. Од здружението на дијабетичари Лолипоп од Велес велат дека рефундација нема да го реши проблемот, туку мора да се направи промена на листата.

Во однос на евентуално ставање на витамини и суплементи на позитивната листа, од здруженијата велат дека такво барање не е ново, но очекуваат процесот да оди тешко.

-Важно е хронично болните лица навреме да ја добиваат терапијата, вклучително и лицата кои се инфицираат од сезонскиот грип и ковидот. Со оглед на новите состојби во кои се наоѓа здравството во целиот свет, но и во Македонија, важно е најнапред за нас да се направи ревидирање на позитивната листа на лекови кои што ги добиваат пациентите, пред се во болничките услуви, но и дома, вели Димче Велев од здружението Дијабетес Лилипоп Велес.

За поскоро тестирање на граѓаните Велев порачува да се овозможи унифицирана најниска цена на тестовите за Ковид-19.

Според пресметките кои ги направи Сител, терапијата за едно заразени лице чини нешто повеќе од 5.000 денари. Приватните ПЦР тестови чинат од 4 до 12.000 денари. Цените се високи во услови кога најавите велат дека нови 100.000 граѓани во Македонија ќе живеат со помалку од 130 денари на ден.