Мирно решавање на споровите, нова можност за работниците и работодавачите

Работните спорови меѓу работниците и работодавачите отсега ќе може да се решаваат спогодебено, преку механизам за мирно решавање. За таа цел веќе се обучени 15 помирувачи. Од нив осум треба да ги добијат лиценците деновиве, а останатите седум по завршувањето на интервјуирањето. Во тек е и обука за уште 18 помирувачи.
Законот кој треба да го овозможи ваквиот начин на решавање на работните спорови веќе е на сила од јануари годинава. Процесот на помирување кој ќе го водат помирувачите е бесплатен за страните. Надоместоците за работата на помирувачите се на товар на државата.
Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусеин, истакна дека овој начин ќе им овозможи на работниците и на работодавачите ваквиот вид спорови да ги решат спогодбено вонсудски.
- Тој треба да овозможи брзо, ефикасно и финансиско исплатливо вонсудско решавање на споровите. Неговото основно начело е доброволноста на засегнатите страни, но и непристрасност и неутралност на помирувачите, рече тој на денешната прес-конференција.
Со ставот дека овој систем на решавање на работните спорови е брз и ефикасен се согласи и Кристина Михеш од Меѓународната организација на трудот.
- Ваквиот систем кој се воспоставува ее евтин, брз, ефикасен и сигурен систем за решавање на работните спорови, рече таа.
Помирувањето не е на задолжителна основа, туку на добровоилна, освен, како што појани Михеш во случаи кога треба да се донесе одлука за штрајк во некои важни државни служби. Тогаш, рече таа, двете страни треба задолжително да го поминат процесот на помирување и доколку не постигнат договор тогаш може да почне да се штрајкува.
Системот за мирно решавање на работни спорови, како што посочи Кевин Фоли директор на служба за помирување при комисијата за работни односи на Ирска, е многу битен за развој на економијата на една земја.
Статистиките, додаде тој, и во Ирска, но и во светски рамки покажуваат успешност на вовој процес од околу 85 проценти.
Ново на Сител
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
