Мисајловски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО во Брисел
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел учествува на средба со неговите колеги од земјите членки на НАТО, на која главни теми се подготовките за Самитот на Алијансата во Хаг во јуни, зголемувањето на трошоците за одбраната, зајакнувањето на трансатлантскиот одбранбен индустриски капацитет, состојбата во Украина и руската кампања за дестабилизирачки активности.
Средбата ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, по што ќе следи церемонија на потпишување на Писма за намери и Меморандуми за разбирање за мултинационална соработка.
Работниот ручек на министерската средба ќе биде во форма на неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кој ќе присуствуваат и украински министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и одбранбена политика Каја Калас.
Вчера во пресрет на денешната министерска средба се одржа и состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, чиј домаќин беше британскиот државен секретар за одбрана Џон Хили и на кој присуствуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, меѓу кои и Мисајловски, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и високата претставничка на ЕУ, Калас.
Руте вчера на прес-конференција пред денешниот состанок, порача дека Алијансата има јасни планови како да ги заштити своите една милијарда жители, но немаме се што и е потребно за нивно целосно спроведување доколку тоа биде неопходно, па затоа треба да се постават нови амбициозни цели за зајакнување на одбраните капацитети што ќе овозможат одвраќање и одбрана.
Руте нагласи дека лани членките на НАТО од Европа и Канада инвестирале 485 милијарди американски долари во одбраната, што е за речиси 20 отсто зголемување во споредба со 2023 година, како и дека очекува уште поголеми одбранбени трошоци оваа година и дополнителни инвестиции за правична прераспределба на товарот за одбраната на Алијансата.
Според Руте, на заседание на Северноатлантскиот совет министрите ќе се фокусираат и на зајакнување на одбранбениот индустриски капацитет, вклучително и преку преку ажуриран Акциски план за одбранбено производство.
- Треба да отидеме подалеку и побрзо, рече Руте, нагласувајќи ја итната потреба од зголемување на производствени капацитети ширум Алијансата.
Тој најави дека дополнително на состанокот ќе се разговара за дестабилизирачките активности на Русија против сојузниците на НАТО, вклучително и преку саботажи, обиди за атентат и напади врз критична инфраструктура.
Клучна точка на агендата на неформално заседание на Советот НАТО-Украина, ќе биде поддршката на Алијансата и нејзините земји членки за Киев.
- Сојузниците не само што ги исполнија своите ветувања. Тие и значително ги надминаа, рече Руте, потенцирајќи на дека ланскиот Самит на НАТО во Вашингтон, сојузниците ветија дека во 2024 година на Украина ќе и дадат 40 милијарди евра одбранбена помош, а досега обезбедија над 50 милијарди евра, од кои над половина доаѓаат од европските земји и од Канада.
Инаку, од започнувањето на руската агресија врз Украина, земјава има донесено 15 одлуки за хуманитарна и воено-техничка помош и поддршка на Украина во одбраната на нејзината независност и територијален суверенитет.
Ново на Сител
-
На ГП Богородица запленети 188 килограми марихуанa, приведени две лица
-
76 лица санкционирани во текот на вчерашниот ден затоа што возеле без возачка дозвола
-
Муцунски се сретна со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман
-
Формула 1 доби писмо со критики за Големата награда на Африка
-
Поранешен извршен директор на Гугл: Вештачката интелигенција можат да ја користат терористи или непријателски држави за да повредат невини луѓе
-
НМСМ ќе реализира сесии за кариерно советување во секое средно училиште
-
Истражување: Половина од граѓаните се подготвени да посегнат по насилство за да се заштитат себе и семејството
-
Комората на трговци бара итна средба со Владата, предупредува дека ограничувањето на маржите ќе предизвика затворање на маркетите и отпуштање вработени