Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини со земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок тешко ќе ја исполни својата цел за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото.
Тој за француското радио Еуроп-1 рече дека ЕУ планира да ја принуди фармацевтската индустрија да ги почитува потпишаните договори.
Сепак, со оглед на логистичките предизвици и бавната вакцинација во ЕУ досега, Мишел посочи дека ќе биде тешко да се исполни целта на Европската комисија до крајот на летото да се вакцинира 70 отсто од возрасната популација.
ЕУ склучи шест договори за вакцини за повеќе од две милијарди дози, но само вакцините на Фајзер-Бионтек и Модерна досега се одобрени за употреба.
Европската агенција за лекови во петок треба да разгледа дали да одобри употреба на вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.
Ново на Сител
-
Анкета: Младите се помалку заинтересирани за изборите во ЕУ, иако имаат позитивно мислење за нив
-
ЦУК: Безживотно тело извлечено од реката Тополка
-
Мицкоски: Во секоја моја изјава ќе користам Македонија
-
Во Урошевац уапсени двајца косовски Албанци осомничени дека шпионирале во корист на Србија
-
Шабани: Има привремено, неопходно е трајно решение на проблемот со оперативниот блок на хирургија
-
Во четвртиот квартал лани превезени 942 илјади патници во патниот, 49 илјади во железничкиот и 790 илјади во воздухопловниот превоз
-
Мицкоски го поднесе Законот за реорганизација на Владата
-
Петровска поднесе кандидатура за претседателка на СДСМ