Свет
3. September 2022 - 19:48

Мисисипи: Слета авионот чиј пилот се закануваше дека ќе се урне врз „Волмарт“

По повеќе од четири часа во воздух, слета киднапираниот авион, а пилотот идентификуван како Кори Патерсон е приведен.    

Тој  од аеродромот во Тупело, Мисисипи одзеде авион „Бичкрафт кинг ер 90“ (Beechcraft King Air 90), и се закануваше дека ќе се урне врз трговскиот центар „Волмарт“ (Walmart). Мотивите за киднапирање на авионот сè уште се непознати. Во тек е истрага за инцидентот.