Мислел дека некој му го украл автомобилот, но по 20 години полицијата го нашла на местото каде што го паркирал
Жител на Франкфурт во 1997 година, го пријавил својот автомобил дека му бил украден. Таман кога помислил дека возилото повеќе никогаш нема да го види, полицијата во четвртокот го известила дека му го пронашле.
По 20 години потрага, откриено е дека автомобилот не е украден, туку тој заборавил каде го паркирал и претпоставил дека некој го украл.
Возилото е пронајдено во една гаража во една стара зграда, која била означена дека наскоро треба да биде срушена. Возилото им сметало на експертите за рушење, а поради тоа што не знаеле кој е сопственикот, полицијата им јавила дека треба да го тргнат.
Германскиот печат „Augsberger Algemein“, извести дека дедото (76) во четвртокот му бил доставен автомобилот кој повеќе не бил во возна состојба, и бил претворен во старо ѓубре.
Овој случај потсетува на уште еден кога еден жител на Минхен, две години откако бил во пијана состојба, успеал да го пронајде својот автомобил. Полицијата го пронашла четири километри од местото каде Германецот ги упатил полицајците.
Во возилото имало 40.000 евра и околу 50.000 евра алат.
Ново на Сител
-
Судот му го одзеде пасошот на Јован Деспотовски по прифатените мерки на претпазливост
-
ЈО: Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, предложено да му се одземе пасошот
-
Деспотовски: Неточни се информациите дека сум приведен
-
Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот
-
Лице барано по судска наредба со соучесник физички нападнале полициски службеници - следува пријава
-
Путин изразил сочувство и му се извинил на Алиев за падот на азербејџанскиот авион кај Актау
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
-
Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето