Митева: Изборите се главниот инструмент преку кој гласачите можат да остварат влијание врз јавната политика
Истите градоначалници се избраните функционери со кои располага СДСМ. Овие имиња се доказ дека во СДСМ се применува кронизмот – тоа е практика на пристрасност при доделување работни места и други предности на доверливи соработници, особено во политиката и меѓу политичарите. Кронизмот е спротивно на меритократија, во која назначувањата се вршат исклучиво по квалификација. Политички, „кронизмот“ се користи за да имплицира купување и продавање на услуги.
Уништени општини, нереализирани проекти и незадоволни граѓани е резултат кој го направија градоначалниците на СДСМ. Со именувањето на овие луѓе за втор мандат, СДСМ го покажа своето вистинско лице. Сите 35 имиња до сега се луѓе кои ги прати неработење и скандали. Перцепцијата за Шилегов е дека до сега е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, Велимир Смилевски има 0% реализација од ветените десетина носечки проекти за Бутел, Ацо Велковски познатиот градоначалник на Лозово е познат по неколку работи мобинг, општинска лотарија која случајно заврши во рацете на неговата ќерка и по тоа што најверојатно отсуствувал од работа 185 дена. Константин Георгиевски добро познат како човекот во чиј мандат во Охрид се изградија дивоградби и истите не беа стопирани. Борче Георгиевски во Гази Баба не понуди ниедно решение за проблемите на граѓаните. Овие имиња и сите останати се уште показател дека Заев и СДСМ ќе ја бараат довербата од граѓаните со старите, истрошени и неподобни кадри. Не нудат ништо ново.
Изборите се главниот инструмент преку кој гласачите можат да остварат влијание врз јавната политика. Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја вратат довербата на граѓаните. Дијаметрално спротивни, посветено и чесно ќе ги водат општините во следниот четиригодишен мандат. Време е за промени, време е за напреден локален напредок и просперитет.
Прашање: Каков е вашиот став по однос на одлуката на претседателот Пендаровски да не држи говор на Мечкин Камен? И дали Христијан Мицкоски ќе присуствува на настанот во Крушево?
Одговор: Претседателот Христијан Мицкоски традиционално ќе биде присутен во струшко Ташмаруништа. А, Пендаровски со овој потег ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден. Но кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег.
Прес-конференција на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
-

Хоман нареди подготовки за повлекување на агентите од Минесота
-

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела
-

Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
-

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
