Македонија
17. September 2024 - 16:36

Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови

Наместо за развој на електропреносниот систем, државната МЕПСО парите ги трошела за донации и спонзорства, обвинува ВМРО ДПМНЕ. Фудбалскиот клуб Шкендија од Арачиново е на врвот на листата, кој добил донација од скоро 5,000 евра. Зад него е кошаркарскиот клуб Башкими, со исплатени 250 илјади денари или 4,000 евра. Пари добил и фитнес клубот Динамик од Скопје, 200 илајди денари, но и споматолшкото друштво МСД, на чие конто биле исплатени 100 илјади денари.

За нив МЕПСО потрошила скоро 14 илјади евра, а за цела 2024 иако предвидела 200 илјади евра за оваа намена, потрошила двојно повеќе -  370 илјади евра, велат од владејачката партија

- Ова се делата кои зад себе ги оставија СДС и ДУИ. Трошење без усул, без цел и план, затоа Македонија е на ова дно. Двете клучни функции на МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. Основна дејност на МЕПСО е оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците со минимални трошоци и секако со задоволување на еколошките барања во државата. Затоа Македонија немаше стабилен енергетски систем, затоа имавме покачување на сметките на електрична енергија, затоа бевме ограбена држава. Затоа што наместо за граѓаните народните пари се трошеле ненаменски и залудно“, обвини Марија Митева, портапол на ВМРО ДПМНЕ

Спонзорствата и донациите се направени во мандатот на претходниот директор Зухди Енузи Кока, од Алијанса на Албанците, без никакво искуство во енерегетскиот сектор. Бил директор на Комунална хигиена, но Данела Арсовска го разрешува во 2022-та затоа што неговиот брат извадил пиштол и се заканувал на демионстрантите кои протестираа против францускиот предлог. Со промена на власта , на директорската фотеља седна Бурим Љатифи, од редовите на ВРЕДИ. 

Тој месецов потпиша договор од речиси 18 илајди евра за хортикултурно уредување, засадување и одржување тревник пред влезот на МЕПСО со фирмата Розен Центер од село Стримница, општина  Желино, гостиварско.