Митева: Шилегов уништува здрави дрва, а набавува садници од 9,5 милиони денари
Додека Шилегов сече и уништува здрави дрва, од друга страна набавува садници по енормно висока цена. Вредноста на рамковната спогодба за набавка на садници изнесува 9,5 милиони денари.
А само во радиус од 200м од ул. Орце Николов каде Шилегов и Богдановиќ уништија здрави дрва, има обележано над 50 суви дрва кои некое време чекаат да бидат отстранети и претставуваат вистинска опасност за безбедноста на граѓаните. Такви дрва има во Градскиот парк во Скопје, има и на ул. Рузвелтова точно пред пунктот кај дрворедот.
Согласно Законот за урбано зеленило еден од основните принципи за заштита и унапредување на зеленилото е Одржливоста со која се обезбедува соодветно користење на постојните зелени површини, нивно зачувување, заштита и унапредување, во согласност со воспоставени стандарди и нормативи.
Очигледно Шилегов нема стратегија за одржлив развој на Град Скопје, напротив спроведува постапки за јавна набавка на урбана опрема и зеленило по енормно високи цени. Дополнително, оние кои се занимаваат со оваа професија велат дека понудените цени за садниците во јавната набавка се повисоки од реалната цена.
И на крај, сосема е јасно зошто на анкетите 69% од граѓаните не се задоволни од работата на Шилегов. Тоа е доволен показател за неспособноста и неработењето на градските власти. Најдобро за нашите општини е што поскоро да заминете од власт.
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет
-
Дете загина, мајка повредена во торнадо во Мичиген
-
Апелациски суд во Џорџија го запре процесот против Трамп за вмешаност во изборите
-
Началникот на ГШ на Армијата генерал-потполковник Ѓурчиновски на конференција „форум Б-9“ во Драч
-
Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски
-
Засега тројца кандидати за лидер на СДСМ, денеска истекува рокот за кандидирање
-
Најмалку четворица загинати, 23 повредени при судир на возови во Чешка
-
Путин: Русија би можела да употреби нуклеарно оружје во случај на закана