Митева: Со потпис на Шилегов, награда „13 Ноември“ за Венко Филипче
Со потписот на Шилегов доделена е наградата за „13 Ноември“ на Венко Филипче, на човекот кому му починаа над 7.000 луѓе од корона, на човекот на кого му изгоре модуларна болница и која со себе однесе 14 жртви.
Тажните денови за македонското здравство никако да запрат. После низа други вакви тажни приказни од здравствениот систем за кој до денес не слушнавме ништо ниту за причината ниту за одговорноста, веќе вчера во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир почина 26 годишна родилка при породување, додека во Клиничката болница во Битола почина 18 годишна девојка за која се уште не се познати детално причините.
Додека смртта го надвладува здравјето во македонското здравство, Венко Филипче е награден со 13 ноемвриска награда од Шилегов. За сите неуспеси во здравството, за најлошото менаџирање со ковид пандемијата кое не рангираше како лидер во светот по смртност, за многубројните грешки и пропусти кој завршија со загубени животи, а за кој до ден денес нема никаква разрешница ниту одговорност, наградата е доделена во знак на признание за заслуги.
За сите овие негативности нема санкции, нема одговорност, но затоа има награди за заслуги. За СДСМ е важно наградата да заврши во кругот на партиското семејство, во онаа политичка партија каде нема место за критика и одговорност. Каде самопрогласените за најдобри се најлоши во реалноста по секој основ. Премиерот во заминување ветуваше многу на полето на здравството во Македонија, но ветувањата завршија со тажен крај, со загубени животи и недоверба во системот.
И најважно, ветувањата на Заев завршија со здравствен систем врз кој никој нема контрола.
Прес-конференција на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
-

„Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“: Забрзува до 100 км/ч за помалку од секунда, лета и се превртува во воздух
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов
-

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
-

Кривична пријава против 47-годишник од Гостивар, нападнал двајца полициски службеници
-

Девет лица пријавени за злоупотреби при набавки во УХМР, спорна корист од над 487.000 евра
-

Мицкоски: Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата, случајот ќе го отвориме и пред партнерите во НАТО
-

Мицкоски: Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Владата настојува така да биде и по 1 јануари
