Митевски: Изградба на нова општинска зграда во Македонска Каменица
Со Изборната програма 2017-2021 кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Македонска Каменица, Дарко Митевски, предвидува изградба на нова административна зграда согласно со потребите за современа, брза и ефикасна општинска администрација.
На денешната прес-конференција тој истакна дека зборовите ветени во програмата 2013-2017 денес значат проекти во Македонска Каменица.
- Денеска најавуваме низа проекти од новата прогарама. Многу значаен проект кој ќе биде реализиран во првите, е подготовка на документација и изградба на нова административна зграда на Општина Македонска Каменица. По што ќе започнеме со целосна реконструкција на стариот Дом на рударите кој е во сопственост на Општина М. Каменица ќе биде наменет за повеќе целни групи. На првите два ката ќе бидат направени 30 апартмани за пензионери, а другите катови ќе бидат адаптирани во апартмани и живеалишта за разни категории граѓани со ниски примања, самохрани родители, лица кои живеат во тешки услови. Оваа зграда за само 1,5 година ќе биде нов дом за многу семејства од Македонска Каменица, истакна Митевски.
Тој додаде дека со досегашниот ангажман докажале на дело како се реализираат проекти.
- Затоа граѓаните на Македонска Каменица ќе изберат работа и само работа за подобра иднина на Македонска Каменица, истакна Митевски.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени