Митрополит Гаврил: Српскиот патријарх го испрати актот за канонско единство, без да наведува име
Неговото високопреосвештенство, Ловчанскиот митрополит Гаврил, неодамна преку бугарскиот медиум БНР го коментираше скорешниот предлог на Српската Црква во врска со Охридската Архиепископија која според СПЦ треба да го решава своето име со сите православни цркви.
Во изјавата за БНР Ловчанскиот митрополит се фокусира на изјавата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
-На македонскиот претседател не му беше важно со каква радост и љубов го примаме решението за отстранувањето на шизмата, туку тоа што сме напишале нешто кое самата Српска Црква го предлага – да има дијалог за прецизирање на името. Самиот Српски патријарх го напиша тоа и тој не ги нарекува со никакво име. Тоа е вистината. Ништо политичко немаше во нашето решение, вели митрополитот Гаврил.
Eпископот Бачки Иринеј неодамна во текст објавен на грчкиот портал Ромфеа, а пренесен на црногорскиот медиум „Побједа” истакна дека СПЦ е неправедно обвинета за фаворизирање на името Македонска православна црква, иако не го користи во ниту еден од официјалните документи, туку ја охрабрува сестринската црква во Северна Македонија да го дефинира понатамошно именување и решението на проблемот во дијалог со грчките православни браќа и со останатите цркви.
-Згора на тоа, ние сме тажни секогаш кога нe обвинуваат дека не само што го користиме името Македонска православна црква, туку дури и дека го поттикнуваме, нагласуваме и го наметнуваме. Овие наводи и обвинувања воопшто не се точни, објаснува меѓу другото епископот Бачки во текстот за кој наведува дека е составен по налог и благослов на Светиот синод на СПЦ.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време