Македонија
6. February 2019 - 13:04

Млад битолчанец тешко повреден: Паднал од кров

Во СВР Битола вчера било пријавено дека околу  09:30 чаот на улица „Новосадска“ во Битола, при изведување на лимарски работи на кров од куќа, К.Џ(33) од Битола, вработен во лимарска работилница, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.