Loading Video...
Фудбал
11. October 2019 - 11:49

Младинците се радуваа на гостувањето кај Црна Гора

Како и сениорите, така и младинците, односно репрезентацијата до 21 година забележа победа со 2:1 во квалификациите за ЕУРО 2021. и тоа на гостувањето во Црна Гора. И на овој натпревар имаше двоен стрелец и тоа Јани Атанасов кој погоди во 13-тата и 33.минута. Ова беше втора победа за избраниците на селекторот Милевски, кои веќе во вторник (15 октомври) во Скопје ќе ја пречекаат репрезентацијата ба Казахстан.