Македонија
21. November 2019 - 19:35

Младите имаат пристап до интернет, но загрижува бројот на злоупотреби

Над 70 проценти од младите во Европа имаат барем по еден профил на социјалните мрежи, а 43 проценти биле малтретирани преку интернет. Чекорот го следи и Македонија.

Само годинава, 75 проценти од младите на вораст од 15 до 19 години отвориле профил на социјална мрежа-ова се само дел од бројките изнесени на дебатата посветена на сајбер безбедност, на која учествуваа, ученици, родители и наставници.

Министерот за образование и наука порача, дека е неопходна едукација кај учениците од најрана возраст.

Децата слушнаа и совети како правилно да го користат интернетот.

Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека над 80 проценти од домаќинстава во земјава имаат пристап до интернет.

73 проценти го користат секој ден. Можеби звучи чудно но статистиката покажала дека мажите многу повеќе време од жените поминуваат на интернет.