Loading Video...
Ракомет
4. August 2022 - 11:38

Младите македонски ракометарки на чекор до 1/4-финалето на Светското првенство во Скопје

Кадетската женска репрезентација на Македонија е на чекор до четвртфиналето на СП за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје.
 
Откако во синоќешниот драматичен натпревар нашите млади ракометарки извлекоа нерешено против Шведска сега се многу блиску да обезбедат пласман меѓу осумте најдобри на Мундијалот. 
 
Иако скандинавките беа блиску до победата, сепак со голот на Дукоска на 5.секунди до крајот жолто-црвените успеаја да избегнат пораз и со нерешени 20-20 да освојат значаен бод. 
 
За остварување на целта, на избраничките на селекторот Љубомир Савевски, доволен им е и нерешен исход во утрешниот меч против Исланд кој веќе обезбеди четврт-финале. 
 
Во случај на пораз, нашите кадеткиќе треба да го чекаат исходот од натпреварот меѓу Шведска и Иран во кој Швеѓанките не смеат да забележат победа со поголема гол разлика.
 
Утрешниот меч меѓу Македонија и Исланд ќе се игра во СЦ Борис Трајковски со почеток од 20:30 часот.