Loading Video...
Ракомет
6. August 2022 - 10:08

Младите македонски ракометарки останаа без 1/4-финале на Мундијалот во Скопје

Македонија остана без пласман во четвртфиналето на Светското првенство за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје. 
 
Кадетската женска репрезентација на Македонија не успа да се вброи меѓу осумте најдобри на Мундијалот во Скопје. 
 
Во клучниот натпревар од главната групна фаза нашите ракометарки беа поразени од врсничките од Исланд со 22-25. 
 
Овој пораз ја рангира нашата селекција на третата позиција со ист број на бодови како и Шведска, но скандинавките поради подобрата гол разлика завршија како второ пласирани и заедно со Исланд обезбедија пласман во четвртфиналето. 
 
Така избраничките на селекторот Љубомир Савевски, во продолжение на првенството ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место, а прв противник ќе им биде селекцијата на Германија против која ќе играат утре од 14часот.