Loading Video...
Ракомет
2. August 2022 - 17:56

Младите македонски ракометарки вечерва против Иран ќе атакуваат на третата победа на Мундијалот

Јуниорската женска репрезентација на Македонија денеска вечерва го игра последниот меч од првата фза по групи на СП за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје.
 
По двете убедливи победи над Сенегал и Узбекистан, избраничките на селекторот Љубомир Савески веќе го обезбедија своето место во главната фаза на Мундијалот. 
 
Вечерва, тие ќе го одиграат последниот натпревар во првата фаза, а противник ќе биде селекцијата на Иран која како и нашата репрезентација досега оствари две победи.
 
На овој натпревар црвено-жолтите ќе атакуваат на третата победа, која би била од големо значење, бидејќи со триумф нашите ракометарки ќе пренесат два бода во втората фаза. 
 
А во неа за противнички ќе ги имаат двете првопласирани селекции од А конкуренцијата во која битка водат Црна Гора, Исланд и Шведска. 
 
Вечерашниот меч меѓу Македонија и Иран се игра во СЦ Борис Трајковски со почеток од 20:30 часот.