Loading Video...
Ракомет
9. August 2022 - 16:51

Младите македонски ракометарки веќе обезбедија 1/2-финале на ЕХФ шампионатот во Рига

Откако женска кадетската репрезентација на Македонија го заврши својот настап на СП за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје, сега вниманието е насочено кон нивните врсници кои настапуваат на ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија
 
Репрезентацијата на Македонија за ракометари до 18 години веќе обезбеди полуфинале на првенството  во Рига. 
 
Нашите кадети веќе остварија две победи во рамките од А групата. 
 
Откако синоќа убедливо ја поразија Турција со 15 голови разлика (34-19), попладнево избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, славеа уште по убедлива победа во дуелот против врсниците од Косово. 
 
Црвено-жолтите победија со 23 гола разлика 39-16 и со тоа веќе го обезбедија своето место во полуфиналето закажано за во сабота (13 август).  
 
Но, претходно, во четврток нашите кадети треба да го одиграат и мечот против домашната селекција на Летонија, во кој очекуваме само да ја потврдат одличната форма во која се наоѓаат. 
 
Инаку влогот и настапот на овој шампионат е огромен за оваа генерација на ракометари. Имено преку се брка и настап на две следни големи натпреварувања, односно учество на Светското првенство за играчи до 19 години што ќе се одржи следното лето, како и настап на Европскиот шампионат за играчи до 20 години што ќе се одржи во 2024 година.