Македонија
14. јуни 2026 - 16:34

Младите наместо пред телефони да спортуваат

Охрид деновиве пулсира во знакот на спортот. Бројните настани привлекуваат посетители но и ги мотивираат младите наместо да седат пред компјутери и на телефон кои доведуваат до физички деформитети, намален имунитет и психолошки проблеми да спортуваат.

Ситуацијата е алармантна велат добрите познавачи и посочуваат дека тоа  е сериозен предизвик на денешницата кој влијае врз здравјето на новите генерации. Спортот е клучен за правилен физички, ментален и социјален развој на младите. 

Иако расте свеста кај младите за создавање здрави навики, но на нивното секојдневие влијае и современиот начин на живот.