Младо момче намерно прегазено со кола во Карпош
Петнаесетина минути по полноќ додека К.К. од Карпош се движел по улицата „Франклин Рузвелт“ со уште двајца негови другари, забележал како, од возило „Крајслер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато машко лице, непозната девојка викала. К.К се доближил до возилото и прашал што се случува, а тогаш возачот излегол, физички го нападнал, влегол во возилото, истото полукружно го свртел и намерно го удрил скопјанецот, по што избегал.
Момчето било однесено во болницата „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош, и му биле констатитани телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување.
Од страна на полициски слижбеници пронајден е возачот на возилото. Се работи за 36-годишниот С.Ц. од Скопје, ко бил приведен во полиција за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава