Македонија
11. January 2018 - 10:39

Младо момче се бори за живот на скопските клиники

Вчера вo 18.10 часот во Скопје на улица „Франклин Рузвелт“ возило „Мазда 6“ со скопси регистерски таблички управувано од К.А (72) удрило во пешакот Б.Н (18) од Скопје. 
 
Веднаш по незгодата, пешакот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на главата) и Б.Н е во животна опаснот. 
 
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.