ММФ ги повика Европејците да се согласат на дополнително олеснување на грчкиот долг
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повторно ги повика Европејците да се согласат на дополнително олеснување на грчкиот државен долг и да ги намалат планираните цели за буџетскиот суфицит на земјата, кои треба да ги исполни, се наведува во годишниот извештај на ММФ за состојбата на грчката економија, кој беше објавен денеска.
Дури и со целосно прифаќање на мерките за економија и на препорачаните реформи за земјата, Грција има потреба од олеснување на долгот, се вели во документот, во кој се забележува дека е нереална целта за првичниот буџетски суфицит од 3,5 од БДП, кој еврозоната го зацрта за Грција за периодот до 2018 година.
- Олеснувањет на грчкиот државен долг треба да биде одобрено од европските партнери на земјата, напомена Делија Велкулеску, претставничката на ММФ во Грција.
Таа додаде дека во мај еврозоната се договорила за принципите на таквото олеснување на долгот, и вели дека е многу добро што европските партнери размислуваат за такви мерки за Грција.
Грчкиот долг е на пат да достигне 180 проценти од БДП и покрај трите транши за Грција, дадени од ЕУ и од ММФ.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп