Македонија
17. September 2020 - 16:49

МНР нема официјална реакција по радикалниот меморандум од Бугарија до ЕУ

Македонија се уште не го добила бугарскиот меморандум. Министерот за надворешни работи денеска не откри како македонската дипломатија ќе одговори на бугарските позиции. Вели не е време за негативна реторика.

Неговиот албански колега смета дека двете земји треба заедно да го изодат патот кон ЕУ, без разлика што и да се случи.

За македонската дипломатија одржувањето на првата меѓувладина конференција на крајот од годинава не е доведена во прашање. Османи вели дека тоа е веќе договорена работа а Владата со европските партнери интензивно работи на тој процес.