Мобилна апликација која ги мотивира граѓаните да останат дома
„#ChallengerДом“а e мобилна апликација која ги мотивира сите граѓани да останат дома и со тоа да го победат коронавирусот, информираат од тимот на „Challenger“ кои денеска ја лансираа оваа алатка, и посочија дека граѓаните можат да ја инсталираат преку продавницата за апликации на мобилните телфони, iOS или Android.
Алатката, како што истакнаа од тимот, користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома.
-Пандемијата не поттикна да креираме мобилна апликација за граѓаните што ја нарековме #ChallengerДома за да не мотивира сите во државава да остaнеме дома. Апликацијата користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. Исто така за секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени Дома поени што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси, рече Олга Рајчиќ од „Challenger“.
#ChallengerДома ќе биде во функција се додека трае пандемијата.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект