Фудбал
7. јуни 2023 - 8:14

Модриќ го продолжи договорот со Реал

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (37) ќе остане во редовите на мадридски Реал до лето 2024 година.

Информацијата вчера попладнето ја објавија хрватските медиуми, повикувајќи се на претставник на шпанскиот клуб кој побара да остане анонимен.

„Лука веќе има свој потпишан договор со важност до 30 јуни 2024 година“, изјави истиот извор.

Модриќ освои 23 трофеи откако во летото 2012 година го облече белиот дрес на Реал.

Во претстојната сезона ќе има можност да ги мине Карим Бензема и Марсело, кои освоија по 25 трофеи, најмногу во 121 години долгата историја на Кралскиот клуб.