-->
-->
МОК му честиташе на Георгиевски „Горди сме што живееме во твојата ера“
-->
Македонија после две децении повторно има олимписки медал и тоа во олимпискиот вицепрвак во таеквондо Дејан Георгиевски кој денеска ја израдува цела држава со настапот на ЛОИ во Токио и остварениот најголем успех во историјата, во годината кога нашата земја слави 30-годишнина од независноста.
Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) после големиот успех му се поклони на својот олимпиец кој донесе медал после долго чекање, уште од Сиднеј во 2000 година и бронзата на Могамед Ибрагимов.
„Дејан Георгиевски, новиот македонски херој е освојувач на сребрен Олимписки медал од Олимписките игри Токио 2020
Најголемиот Олимписки и спортски успех во македонската спортска историја, од независноста на нашата држава!
Честитки и за тренерот на Дејан, Борче Костовски кој извонредно ја постави тактиката на Дејан за да стигне до финалето на Олимписките игри!
Македонскиот народ мора да се гордее со Дејан, новиот македонски спортски херој, кој веруваме дека ќе има пречек каков што заслужува Олимпискиот шампион!
Браво Дејан!
Браво Борче!
Браво Дарко!
Браво за сите од Македонското Таеквондо семејство!
Радувајте се Македонци!
Златното момче македонче, се спрема за Олимписките игри ПАРИЗ 2024 и за уште многу други Олимписки и спортски предизвици, нови радости и уште многу Олимписки, Светски и Европски медали!
Дејан, горди сме на тебе, горди сме што живееме во твојата Олимписка ера!“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок