-->
-->
Моќен говор на внукот на Ченто
-->

-Добровечер патриоти, добровечер за сите оние граѓани кои ја сакаат Македонија унитарна и со еден службен јазик-Македонскиот. Кога ве гледам сите вас како од ден на ден сите заедно сплотени се собираме со една единствена цел, кога ве гледам сите заедно без обзир на политичката определба и националност и дека нас не има се повеќе и повеќе во срцето вербата ми станува дека ќе се избориме за нашиот пат и ќе ја оствариме нашата цел, порача вечерва од Прилеп внукот на Методија Ченто, Јане Ченто.
-Ќе ја вратиме нашата Македонија на правиот пат во земја во која ќе живееме сите мирољубиво, во земја во која ќе се расправа за заеднички платформи, за просперитет, за напредок, за економски раст, за благодети што ги пружа животот, како на нашите деца да им пружиме поубав живот, а не да се надмудруваме и да се делиме на вие и ние, со некои платформи кои сакаат да го уништат темелот на Република Македонија. Ние нема да дозволиме други да ни ја кројат државата и некој од надвор да не уценуваат со некој нивни платформи со кои сакаат да ни ја свиткаат кичмата и во сопствената земја да останеме граѓани од втор ред, истакна Ченто.
Тој исто така вели и дека сега сме тргнати на пат од кој нема назад без да ја постигнеме својата цел и никогаш нема да дозволиме на предавниците да ни ја газат татковината пробувајќи да ни наметнат втор службен јазик, промена на име, химна, како и промена на банкноти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни
-

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
