МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој народ, чувар на историјата и културата, преносител на знаењето и вредностите. Затоа, и институционално и индивидуално, имаме обврска да ги негуваме македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот, влашкиот и сите други јазици што се користат во нашето богато мултиетничко општество. Само така ќе продолжиме да ги зацврстуваме мостовите на разбирање меѓу сите заедници и да градиме подобра заедничка иднина, стои во честитката на Министерството за образование и наука по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Министерството за образование и наука упатува посебна благодарност до наставниците, кои, како што се наведува во соопштението, секојдневно го пренесуваат јазикот како живо знаење и вредност на новите генерации.
-Продолжуваме да креираме политики за унапредување на меѓуетничките односи во државата, преку образованието. Вложуваме во поквалитетна настава на сите јазици на кои се изведува во училиштата преку нови наставни програми и учебници по сите предмети, вклучувајќи и предмети за изучување на јазикот и културата на заедниците. Со повеќе обуки ги јакнеме компетенциите на наставниците и ги вмрежуваме училиштата од различни општини преку финансирање на проекти за мултикултирализам и меѓуетничка интеграција и толеранција. Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик!, стои во честитката на МОН по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
MИА
Ново на Сител
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
