Македонија
19. April 2024 - 12:31

МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката

Неработните денови за претстојните избори, 24 април и 8 мај училиштата ќе ги одработат во две саботи. Министерството за образование и наука веќе има испратено допис до училиштата дека часовите од 24 април ќе бидат одработени во сабота, на 18 мај, а часовите предвидени за 8 мај ќе бидат одработени во сабота, на 1 јуни.

Ќе се одработува и неработниот ден даден на 30 ноември поради одржувањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Овој ден училштата ќе го одработат во сабота, на 15 јуни.

Според МОН, овие денови мора да се одработат поради Законот за основно образование, според кој наставата во улебната година се остварува со 180 наставни денови.

На веста реагираше првиот човек на Синдикатот за образование Јаким Неделков,  кој на социјалните мрежи порача министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата, потсетувајќи дека и учебната 21/22 заврши со помалку од 180 наставни денови.