Мониторинг на МОСТ: Фотографирано гласачко ливче, одѕивот околу 40 отсто
Според досегашните потврдени информации од набљудувачите на МОСТ, на гласачките места имаат забележано неправилност на гласачкото место 0755 во село Осој, Општина Кичево, при што еден гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија.
-Била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор, наведоа на прес-конференцијата на МОСТ.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е – во Изборна единица 1 до 15 часот – 35,93, до 16 часот – 39,29, до 17 часот – 42,31 и до 18 часот 45,13 отсто.
Во ИЕ 2, според МОСТ, до 15 часот на гласање излегле 31,78, до 16 часот 34,88, до 17 часот 37,88 и до 18 часот – 41,06 отсто, додека во ИЕ 3 до 15 часот излегле 37,27, до 16 часот 40,45, до 17 часот 43,95 и до 18 часот – 47,64 отсто од гласачите.
Во Изборна единица 4 до 15 часот излегле 37,87, до 16 часот 41,71, до 17 часот 45,83 и до 18 часот 50,25 проценти од гласачите, а во ИЕ 5 до 15 часот 33,10, до 16 часот 36,44, до 17 часот 39,56 и до 18 часот 42,70 проценти од гласачите.
Правото на глас во Изборна единица 6 до 15 часот го оствариле 24,78, до 16 часот 28,23, до 17 часот 31,19 и до 18 часот 33,97 проценти од гласачите.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста