Loading Video...
Ракомет
16. January 2023 - 18:26

Мора да се победи против Аргентина

По двата порази од Норвешка и Холандија со 10 гола разлика, македонските ракометари се во ситуација, да мораат да ја победат Аргентина во последното 3.коло во Ф групата, доколку сакаат да ја исполнат целта, пласман во следната, главна фаза на првенството. 
 
На „Гаучосите“ доволен им е и нерешен резултат бидејќи за еден погодок имаат подобра гол разлика од нас.
 
Тоа е дополнителен притискот за избраниците на селекторот Лазаров, особено што на прес конференцијата по натпреварот со Холандија, селекторот Лазаров рече, дека неговите избраници немале победнички карактер.
 
„Може да изгубиш еден натпревар од подобар тим, но мораш да имаш карактер. Ние го немавме, тој карактер во двата натпревари. Мораме да смениме многу доколку сакаме да го добиеме следниот натпревар“, истакна селекторот Лазаров.
 
Ќе успеат ли да го најдат тоа ракометарите и да забележат победа над Аргентина останува да видиме во утрешниот меч што е закажан за во 18 часот,