Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
-Правото и здравиот разум засега надвладеаја, напиша рускиот главен преговарач Кирил Дмитриев на Телеграм.
Тој ја опиша одлуката донесена во Брисел како „фатален удар“ за оние што ги нарече „военохушкачи“, именувајќи ја претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер.
-Неколку гласови на разумот во ЕУ засега спречија незаконско користење на руските резерви за финансирање на Украина, напиша Дмитриев.
Русија повторно предупреди против она што го опиша како „кражба“ на нејзините државни средства и се закани дека ќе одговори со користење на западни средства – особено оние на приватни инвеститори и компании – за свои цели.
Дмитриев на Х напиша дека Фон дер Лајен, Мерц и Стармер не успеале, пренесе ДПА.
-Целиот свет само што гледаше како не успевате да ги принудите другите да го прекршат законот, рече тој
По неколкумесечен спор, земјите-членки на ЕУ рано утрово се договорија за компромис за финансирање на Украина во наредните две години.
Според договорот, Украина ќе добие бескаматен заем од 90 милијарди евра (105,5 милијарди долари). Ако Русија не плати обесштетување за воените штети, замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се користат за отплата на заемот.
Мерц првично бараше користење на средствата на руската централна банка, од кои поголемиот дел се замрзнати во Белгија, за да се обезбедат заеми до 210 милијарди евра. Планот на крајот пропадна поради противење од земји како Франција и Италија, откако Белгија изрази загриженост поради правни и политички последици.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари
-

Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР
-

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
-

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
-

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2030 ќе биде донесена на почетокот на јануари
-

Јубилеен концерт: 35 години Миле Кузмановски
-

ГАК: Причина за смртта на новороденчето е незрелост на белодробието, нема физичка повреда на органите
-

Стручна комисија за смртта на новороденчето на ГАК е формирана, министерот замолува да се причекаат сите извештаи
