Може ли во ЕУ со олеснети казни за функционерите- Продолжува кавгата власт- опозиција
Премиерот Ковачевски останува оптимист дека Македонија може да стане членка на Европската Унија пред 2030 година. Без да најави датум за гласање, на пратениците им порача, не гласате за промена на Уставот туку за продолжување на интеграциите.
Во која Европа планира да оди Ковачевски со овој Кривичен законик донесен за да ги спаси претставниците на власта кога ќе одат во опозиција, праша опозицискиот лидер. Според него, игрите кои власта ги игра со Кривичниот законик и најавената амнестија ќе бидат нова пречка на патот до Брисел. По промената на власта најави нова реформа со закон за потекло на имот.
Измените на Кривичниот законик од вчера стапија на сила. Претставниците на власта тврдат дека тие не се поврзани со процесот на внесувањето на Бугарите во Уставот како што тоа беше случај кога се менуваше името.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар