Македонија
18. May 2022 - 20:06

МПЦ и СПЦ утре на заедничка литургија во Белград, до крајот на месецот се очекува писмо од СПЦ за автокефален статус

Синодот на МПЦ ОА очекува до крајот на месецов СПЦ да испрати предлог за автокефален статус до Вселенската Патријаршија. Владиците денеска одлучија да ја прифатат поканата на СПЦ за заедничко богослужење. Делегацијата ќе ја предводи поглаварот г.г Стефан заедно со уште тројца митрополити утре ќе сослужуваат со владиците на СПЦ во храмот Св. Сава во Белград. Тоа според Владиката Тимотеј е чекор напред кон конечно решавање на автокефалнит статус. Владиката  не смета дека ова значи враќање на автономија бидејќи тврди дека такво нешто тие не барале а СПЦ може да толкува како сака.

„Преку ова се воспоствува единство не само со СПЦ туку и со останатите православни цркви а тоа еден чекор до очекуваното конечно разрешување на посакуваната цел а тоа е автокефалноста на МПЦ.  Тоа е апсолутно голем чекор кон решавање на статусот што го чекаме 55 г. имајте стрпливост мислам да заврши овој Сабор на СПЦ ќе имаме дефинитев став инаку тоа е начин и пат по кој може да се дојде до автокефален статус“.

Синодот на МПЦ ОА денеска  исто така испратиле писмо  до вселенската патријаршија со кое   благодарат за одлуката за признавање на канонскиот статус и ја прифаќаат поканата за служба во Цариград на празникот  Педесетница, Духовден.

„Долго време сите православни цркви се договарало многу поодамна каков е процесот да се дојде до автокефалност.таму се наведуваат дека треба да се исполнат 9 или 10 точки. Ние очекуваме за нас, тоа да го направи матичната црква од која се одделуваме , во конкретниот случај СПЦ. Таа да предложи до Вселенската патријаршија доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде Томос кој треба да биде потпишан од него и од епископот на СПЦ“.

Српскиот патријарх Порфириј осврнувајќи се на последните случувања меѓу СПЦ и МПЦ за утрешната литургија рече дека е  чин со кој  се враќа единството на сите православни цркви.

Српската премиерка го поздрави чекорот на СПЦ за кој вели е во насока решавање на прашањата меѓу црвките.

Писмо до Цариградската патријаршија денеска испрати и претседателот на државата Стево Пендаровски со кое се заблагодарува за признавањето на македонската црква и воедно бара од Вселенскиот Патријарх да и додели Томос на МПЦ ОА.

-Примајќи ја нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење, Вие ја исправате историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници и ги исцелувате длабоките рани предизвикани од децениската изолација. Особено важно е што на нашата Црква и го признавате и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници.

Имајќи го предвид историското и канонско право на Вселенската Патријаршија, заедно со моите сограѓани од православна вероисповед искрено се надевам и го очекувам скорото конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна, се вели во писмото.