МПС: Нов фрижидер за полицајците во Кавадарци, ги подобруваме условите за работа
Продолжуваат активностите на Македонскиот полициски синдикат за обезбедување на подобри услови за работа на членовите, информираше на социјалните мрежи д-р Марјан Кицев и објави фотографии од Кавадарци од завчера кога на членството му е однесен фрижидер.
-Денес во Кавадарци од страна на Потпретаедателот на МПС Зоран Крстев и Претседателот на Совет на МПС Велес Трајче Цветков со цел обезбедување на подобри услови за работа на членовите на Македонскиот полициски синдикат во Основната организација на МПС “Кавадарци ” на Претседателот на ОО Кавадарци Горан Ѓелов му беше предаден за користење еден фрижидер, набавен од средствата за тековно функционирање на Советот Велес! Акцијата на Македонскиот полициски синдикат ширум републиката за создавање на побезбедна работна средина и безбедни и здрави услови при работа на своите членови продолжува. Секогаш во заштита на членовите. Ги подобруваме условите за работа, , соопшти претседателот д-р Марјан Кицев.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени