Мрежата за климатска акција во Европа: Македонија поскоро да го ратификува Парискиот договор

Мрежата за климатска акција во Европа, Аналитика, Еко-свест, Фронт 21/42, Милиеуконтакт, Македонски Зелен Центар и Гоу Гринги ги повикуваат идните пратеници на Собранието на Република Македонија да се заложат за што поскора ратификација на „Парискиот договор“ и да покажат подготвеност и решителност за негова доследна имплементација.
- Ги повикуваме идните пратеници да извршат ревизија на Наменетите национално определени придонеси (INDC) во насока на вистинска заложба за намалување на емисиите без понатамошни инвестиции во јаглен. Најновата одлука за ТЕЦ Осломеј за поставување нов котел за согорување на увозен јаглен кој би работел најмалку 30 години е токму спротивното на оваа заложба. Додека ЕУ до 2050 година планира целосна декарбонизација на електроенергетскиот сектор ние во 2030 планираме над 60 проценти од енергијата во Македонија да доаѓа од јаглен. Со оглед на фактот дека енергетските проекти имаат животен век од 20-40 години, со постоечките планови ги осудуваме идните генерации во Македонија да ги плаќаат овие инвестиции со своето здравје, квалитет на живот и пари, изјавија од „Фронт 21/42“.
Според Невена Смилевска од „Еко-свест“ инвестициите во јаглен - и рудниците и термоелектраните се мошне деструктивни за животната средина и за климата, истовремено намалувајќи го квалитетот на живот за сите граѓани.
- Парискиот договор ни дава патоказ за праведна транзиција кон одржливост, што освен напуштање на зависноста од јаглерод, значи и овозможување на подобар квалитет на живот за граѓаните на Македонија, посочува Смилевска.
Парискиот договор стапува на сила само неколку денови пред започнувањето на конференцијата за климатски промени, која се одржува од 7-18 ноември во Маракеш, Мароко. Во Маракеш ќе се разговараат деталите околу имплементација на Парискиот договор, односно мерките кои ќе овоможат драстично намалување на стакленичките емисии на гасови. Државите кои се уште не го ратификувале договорот, од правна гледна точка, нема да можат активно да влијаат врз одлуките донесени на оваа конференција.
- Македонија треба итно да го ратификува договорот од Париз, како би можела активно да се вклучи во дискусиите за мерките на имплементација на договорот и да се подготви за целосна имплементација и исполнување на целите кои произлегуваат од договорот, порача Драгана Милеуснич од Мрежата за климатска акција во Европа.
Ново на Сител
-

Трамп: Мачадо следната недела ќе дојде во Вашингтон
-

Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување
-

ЦУК: Поради поплавите предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско се интервенира со механизација
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, -11 степени
-

Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај
-

Триумф на македонските ракометари во дуелот со Бахреин
-

Две лица ранети од припадник на американската служба за имиграција ICE во Портланд
-

Масовни протести во Иран, се палат владини згради, поддршка од синот на соборениот шах Реза Пахлави
