Македонија
27. January 2021 - 17:57

МТСП: Наскоро започнува проектот за поддршка на Владата во транспонирањето на правото на ЕУ за родова еднаквост

Зголемување на капацитетот за апсорпција за спроведување на правото на ЕУ преку обуки, упатства и совети, составување и употреба на родови податоци и статистика, како и воведување на методологии и алатки за вклучување на родовата еднаквост во секторските стратегии, програмите за работа на Владата, министерствата и стратешките планови, има за цел проектот за поддршка на Владата во транспонирањето на правото на ЕУ за родова еднаквост, дизајниран во тесна соработка со Секретаријатот за европски прашања и во консултација со Министерството за труд и социјална политика.

Проектот е презентиран на денешната средба помеѓу министерката за труд и социјлна политика Јагода Шахпаска, раководителката на Канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ Кастареде и регионалната експертка која учествувала во подготовка на проектот, Доли Витбергер.

Посебен акцент, како што информираат од МТСП, е ставен на поддршката на Владата на Македонија во одговорот на значајните и специфични родово социо-економските предизвици што произлегуваат од мерките за време на пандемијата КОВИД-19, промовирање на родовата еднаквост и економското зајакнување на жените во одговор на кризата и закрепнување од последиците предизвикани од КОВИД-19.

Главната цел на проектот е поддршка на Владата на Македонија во транспонирањето на правото на ЕУ за родова еднаквост, а главните партнери на проектот се Секретаријатот за европски прашања (главниот корисник на проектот), структурите на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Националната родова машинерија (координаторите).

– На работниот состанок беа презентирани и начините на кои проектот ќе биде имплементиран. Едниот начин би бил во директно партнерство со СЕП, проектот ќе обезбеди стручна поддршка за зајакнување на интеграцијата на родовите перспективи во активностите поддржани од ИПА, фокусирајќи се на структурите за управување со секторот, како што се единиците на ИПА, координаторите на ИПА и секторските работни групи (ГСГ). Другиот начин на имплементирање би бил во директно партнерство со Секторот за еднакви можности / МТСП, проектот ќе ги зајакне капацитетите на ресорните министерства за интегрирање на родот во документи и процеси на Националната програма за усвојување на правото на Заедницата (НПАА), фокусирајќи се на персоналот во ресорните министерства и особено за суштинската улога на координаторите за еднакви можности, се вели во соопштението од МТСП.

Проектот располага со буџет од 1,825,416 американски долари и истиот финансиски е менаџиран од страна на UN Women канцеларијата во Скопје.