МТСП: Продолжуваме со грижата за најмладите, за 24.461 дете исплатен образовен додаток
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека е извршена исплата на додатокот за образование, за третиот мерен период, за 24.461 дете.
-Секој поединец, секое семејство заслужува еднаква грижа. Посебна грижа ни се децата, кои се најранливи на стресовите кои едноподруго се случуваат во кризни услови. Затоа е многу значајно децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна поддршка. Токму затоа, Владата донесе уредба за престанување на важење на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, со цел да го олесниме пристапот до овие права, наведува Министерството.
Според МТСП, со социјалната реформа повеќекратно е зголемен бројот на деца корисници на ова право. Пред реформата, бројот на корисници на програмата условен паричен надоместок изнесуваше 2.877.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци