МТСП: Во тек е етапната исплата на мајските пензии
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека дека во тек е етапната исплата на мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.05.2021 година (среда);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.05.2021 година (четврток);
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.05.2021 година (петок);
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 мај (среда). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.
– Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките, стои во соопштението од МТСП.
Ново на Сител
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
