Му извадиле два литри крв од градите: Дарко не можел да дише, итно е опериран!
Пејачот Дарко Лазиќ итно е опериран синоќа заради обилно внатрешно крварење кое му го отежнувало дишењето, се дознава неофицијално.
Драмата во земунската болница, во која Лазиќ лежи веќе 12 дена после сообраќајната несреќа, која едвај ја преживеа, почнала да се случува во неделата во зори.
Лазиќ се пожалил дека не може да дише, па лекарите му ги снимиле градите и виделе злокобна сенка на левото белодоробно крило, што упатувално на заклучок дека во градите му се собира некоја течност. Семејството било информирано дека мора ведаш да се оперира.
Хирурзите му го пунктирале белодробното ткиво и ја пронашле причината за сенката која на Лазиќ му го отежнувала дишењето. Од белите дробови извлечени му се дури два литри крв.
Здравствената состојба на Дарко сега е подобра, а лекарите будно ја следат неговата состојба. Денеска хирузите треба да одлучат дали ќе направат уште една пункција.
Дарко Лазиќ првпат е опериран два дена по судирот, на 25 октомври кога му е извадена слезината и запрено внатрешното крварење. Лазиќ утре би требало да биде подложен на операција на колкот и бутната коска, кои во несреќата претрпеле големи повреди.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи